Дома Македонски спорт Мак фудбал „Се сменија директори, играчи, тренери, управа – само Вардар и Комити останаа заедно“

„Се сменија директори, играчи, тренери, управа – само Вардар и Комити останаа заедно“

Вардар во Маџари за викендот играше против амбициозната Воска Спорт која летово сериозно се засли, сепак трите бода ги освоија црвено-црните (2:0).

Во овој натпревар Вардар имаше и голема поддршка од своите најверни фанови „Комитите“ кои порача дека се е променето, но Вардар и Комити останаа заедно и секогаш ќе биде така.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се смени управата, се смени речиси комплетно играчкиот кадар, тренери, директори, администрација…Само имињата Вардар и Комити останаа заедно, и логиката кажува дека ќе ни биде потребно време за да повторно се роди тоа заедништво кое што секогаш постои помеѓу нас.Но ќе се случи првиот момент кога се среќаваме на свој терен, и тогаш веднаш ќе настане експлозија од емоции, како да овој тим игра заедно долги години, како да сме едни покрај други цело време…Тоа е она што Вардар го има, таа силна енергија, таа емоција, магија која се создава кога сме заедно, и која прави кога игра Вардар се да биде посебно и различно. ФК Вардар 2 – 0 Воска Се вративме во игра, но одиме понатаму затоа што секој натпревар е посебен, и секаде е потребен фокус, за да ги задржиме шансите за експресен кам бек таму каде што припаѓаме.Уживајте во видеото, и придружете ни се следниот натпревар и вие, да бидеме побројни и да создадеме уште поубава атмосфера, за наша душа, и да покажеме дека ништо не може да го скрши нашиот морал кога сме едни покрај други и сплотени како еден“…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…