
Ова лето Реал Мадрид минува низ една од најголемите реконструкции на играчкиот кадар во последните неколку сезони. По завршените неколку важни доаѓања, сега фокусот во кралскиот клуб е префрлен кон играчите кои би можеле да го напуштат Сантијаго Бернабеу.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
И токму затоа сè почесто се зборува дека едно од познатите имиња од средниот ред би можело да го промени клубот пред крајот на преодниот рок.
Последниве недели во шпанските медиуми се појавуваат информации дека во Мадрид повеќе не постои статусот “недопирлив” за сите играчи, а меѓу оние чиешто иднина се посериозно се доведува во прашање е Орелијен Чуамени.
Францускиот репрезентативец пристигна во Реал како едно од најголемите засилувања од неговата генерација, но сега би можел да стане еден од играчите преку чие продавање клубот би го финансирал продолжението на летната реконструкција.
Според изјавите на шпанскиот Diario AS, Реал Мадрид е подготвен да ги сослуша понудите за Чуамени доколку пристигне износ кој ги задоволува клупските барања.
Таквиот развој на ситуацијата би претставувал големо изненадување, особено по тоа што Французинот минатата сезона беше еден од стандардните играчи во средниот ред на мадридскиот состав.