
Мајкл Олисе сака состанок со челниците на Баерн Минхен по завршување на Светското првенство.
Како што пренесоа добро информираните извори од Мадрид, Олисе не остана имун на повиците и поврзувањата со Реал, па затоа смета дека е потребно да седне на маса со неговиот клуб.
Бајерн Минхен јасно подвлече дека Олисе не е на продажба дури ни по цена од 200 милиони евра, а очекувал дека поради тој статус на недопирлив, Французинот јавно ќе истапи и ќе стави точка на сите гласини, што не се случи.
Олисе беше контактиран и од Пари Сен Жермен, но веднаш ги затвори вратите за европскиот шампион, што не беше случај со Реал Мадрид.
Во Бајерн стравуваат дека повиците од Реал Мадрид го разнишаа и дека Олисе нема да може лесно да го одбие “кралскиот” клуб, па затоа најдобро е да се состанат веднаш по враќањето од Мундијалот.
Олисе стана најдобриот играч на Бајерн заедно со Хари Кејн, во претходната сезона имаше неверојатен учинок од 22 гола и 31 асистенција, па не чуди што Трансфермаркт го проценува на 150.000.000 евра.