
Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген се наоѓа пред ново поглавје во кариерата, затоа што неговиот статус во Барселона моментално е целосно неизвесен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако заврши на позајмица во Жирона, што се покажа како неуспешна, за искусниот чувар на мрежата повеќе нема место во каталонскиот клуб. Жирона испадна во Сегунда, додека Тер Штеген поради повреда одигра само два натпревари, и сега размислува за најдобрата опција за продолжување на кариерата.
Иако има 34 години, Германецот сè уште важи за голман кој може да брани на врвно ниво, а изгледа дека таква шанса би можел да добие во еден од европските великани.
Како што се наведува, Ајакс е во преговори за неговата позајмица. Разговорите се во позитивна насока, но главен проблем претставува неговата висока плата што холандскиот клуб не може самостојно да ја покрие.
Поради тоа се очекува дека Барселона би можела да преземе дури 15.000.000 евра од неговите примања, иако Тер Штеген во тој период не би го носел дресот на каталонскиот клуб.