Македонскиот шампион Вардар отпатува за Норвешка каде што ќе ја отвори сезоната во Лигата на шампионите, противник на „црвено-црните“ ќе им биде Елверум.
Вујовиќ смета дека Елверум е екипа која Вардар може да ја победи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Патуваме за Норвешка каде исто така треба да ги испочитуваме сите Ковид протоколи, а потоа и да играме со екипа која мислиме дека можеме да ја победиме. Јас се уште не ја знам вистинската сила на мојот тим. Не играњето на Ф4 во СЕХА лигата и два силни меча против европски екипи не ми даваат показател за тимот. Особено што во тимот нема да ги имаме ниту Кудуз ниту Гурбиндо кои сезонава веќе играа на неколку натпревари. Едниот поради повреда, другиот поради некои други причини. Тука се браќата Њокас, кои сепак ќе имаат само еден тренинг и незнам ни во каква физичка кондиција се. Се среќаваме со екипа што игра врвен ракомет како и сите нордиски екипи, играат модерно, доста трчаат, имаат креативни играчи. Ќе биде тежок натпревар. Би било добра првиот чекор во ЛШ да го почнеме со победа, но во овој момент навистина не можам да кажам дека Вардар е фаворит на овој натпревар, иако имаме свои адути и свои шанси и ќе сториме се да го добиеме натпреварот во Норвешка“, ијзави Вујовиќ.
Натпреварот со Елверум Вардар го игра утре во 18:45 часот.