Дома Фудбал Тер Штеген се согласи да ја замени Барселона со друг европски гигант

Тер Штеген се согласи да ја замени Барселона со друг европски гигант

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, се согласи да биде позајмен во Ајакс, јавуваат каталонските медиуми. Според информациите, Германецот е дури и подготвен да почне тренинзи со амстердамскиот гигант веќе во наредните денови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тер Штеген бил убеден да премине во Ајакс поради фактот што лицата на новиот клупски проект се неговиот поранешен шеф во Барселона Жорди Кројф и тренерот Мичел, кој го позајми во Жирона минатата сезона. Сепак, голманот одигра само два натпревара под негово водство бидејќи доби сериозна мускулна повреда, која го спречи и од учество на Мундијалот 2026.

Откако доби зелено светло од 34-годишниот играч, останува само една пречка за неговиот трансфер во Ајакс, а тоа е договорот за неговата плата. Се претпоставува дека клубот може да си дозволи да плаќа само 15% од неговото примање, што значи дека поголемиот дел од парите ќе треба да ги покрива шпанскиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олисе и Баерн сакаат состанок, причината е – Реал Мадрид?

Мајкл Олисе сака состанок со челниците на Баерн Минхен по завршување на Светското првенств…