Вардар отпатува за Норвешка на првиот натпревар во Лигата на шампионите во новата сезона.
Пред овој дуел изјава даде и ракометарот Дарко Ѓукиќ кој очекува тежок дуел.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Очекуваме тежок натпревар. Тие имаат млада екипа. И лани беше заедно со Вардар во иста група. Најсилна страна на Елверум е нивниот брз центар и нападот. Играат брзо, шутираат многу. Верувам дека ќе освоиме бодови. Се подготвуваме долго. И се надевам во Скопје ќе се вратиме со бодови“, изјави Ѓукиќ.
Натпреварот се игра утре со почеток од 18:45 часот.
Фото: Денис Дуковски