Дома Фудбал Состанокот со Мурињо ќе ја промени кариерата на ѕвездата на Реал Мадрид

Состанокот со Мурињо ќе ја промени кариерата на ѕвездата на Реал Мадрид

Жозе Мурињо наскоро ќе има состанок со францускиот фудбалер Едуард Камавинга и ќе му каже дека не се наоѓа во важните планови за новата сезона.

Реал Мадрид веќе направи големи промени во тимот. Заминаа неколку познати лица (Дани Карвахал, Давид Алаба), а ќе има уште заминувања. На трансфер листата се наоѓа Французинот Едуард Камавинга.

Иако 23-годишниот играч за врска не планираше да си замине, сметаше дека има место во клубот, но Жозе Мурињо одлучи на состанокот да му соопшти дека не му е неопходен.

„Жозе Мурињо ќе му соопшти на Едуард Камавинга на состанокот дека нема да има важна улога во тимот следната сезона”, наведуваат извори блиски до клубот.

Во Мадрид веруваат дека тој состанок ќе го натера Французинот да размисли за заминување, што порано не му беше голема желба. Сепак, работите можат да се променат.

Интер и ПСЖ покажуваат интерес за неговите услуги. Кралевите планираат да бараат сума од 60 милиони за неговиот трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик лесно се откажа од ѕвездата на Барселона, Баерн веднаш реагираше

Жил Кунде за само неколку месеци од еден од посигурните членови на почетниот тим на Барсел…