
Панатинаикос го ангажира Елмин Расодер, македонски репрезентативец, кој минатата сезона беше најдобар стрелец на швајцарскиот Тун.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Високиот напаѓач (191) беше еден од најзаслужните за историскиот успех на клубот, кој стана шампион на Швајцарија.
Постигна 15 голови во лигата, а во следната сезона ќе се обиде да ја повтори головата форма во дресот на ПАО, со кој потпиша договор до 2030 година.
Расодер е роден во Швајцарија пред 25 години, но во 2025 година дебитираше за националниот тим на Македонија.
Кариерата ја започна во Грасхоперс, за во 2024 година да премине во Тун, со кој прво стигна до промоција, а потоа и до титула.