Роналд Де Бур, братот близнак на Франк Де Бур го коментираше овогодишниот тим на Ајакс и смета дека тука има многу квалитетни играчи, а двајца според него се издвојуваат, и тоа двајца многу млади играчи.
„Френк Де Јонг е одличен, тој е фудбалер поради кого доаѓате на стадион да гледате. Тој е еден од оние играчи кои прават разлика на теренот, а се уште е исклучително млад. Не знам дали ќе си замине во Барса, но логично би било подобро да оди, тој има доволно квалитет да биде успешен на Камп Ноу“.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
„Де Лихт е уште еден играч кој е фантастичен, а и тој како Де Јонг веднаш би можел да игра во стартниот состав на Барселона, без никаков сомнеж. Тој игра како да има 30 години, а има само 19“, изјави Де Бур.
Ајакс во среда ќе игра во Лигата на Шампионите против АЕК, а ова е прилика за младите играчи да се покажат во најдобриот свет. Сигурно дека многу клубови ќе ги следат, а веќе е познато дека 21-годишниот играч за врска, Франк Де Јонг е голема желба на Барселона и до следното лето ќе се обидат да го доведат во своите редови.