ЕА Спортс за некои седум дена конечно во продажба ќе ја пушти новата игра ФИФА 19 која многумина ја очекуваат со нетрпение.
ФИФА 19 ќе биде навистина посебна бидејќи „ЕА Спортс“ конечно доби лиценца за речиси сите најсилни лиги во Еврoпа, но она што е најбитно е дека ја добија и лиценцата за Лигата на Шампионите. Демото беше пуштено пред неколку дена, а многумина ја искористија приликата да ја заиграат новата ФИФА.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
На социјалните мрежи се појавија многу видеа од новата игра, но она што ги воодушеви гејмерите е фактот дека „ЕА Спортс“ обрнува внимание на речиси секој детал. Особено неверојатно изгледа финалето во Лигата на Шампионите, бидејќи едноставно не може да се поверува дали тоа е вистина или само игра.