Како што стојат работите изгледа се чека само „зелено светло“ од „Стенфрод Бриџ“ и добиваме три големи трансфери.
До крајот на денот Пјер-Емерик Обамејанг се очекува да пристигне во Лондон, до полноќ би можел и официјално да биде претставен како нов напаѓач на Арсенал, но повеќе реално е фотографиите со дресот на Арсенал да ги очекувам утре. Англиските, но и германските медиуми тврдат дека се е готово и дека нема никакви дилеми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал и Борусија Дортмунд се договориле за продажба на Габонецот, а за дефинитивна реализација се чека „зелено светло“ од Челси од каде во Дортмунд треба да пристигне Мичу Батшуаи, а пак на негово место истовремено од Арсенал би требало да пристигне Оливие Жиру од Арсенал со што би ја добиле најлудата размена на напаѓачи оваа зима во која учествуваат три големи клубови.
„Точиите“ прво понудија 55 милиони евра за Обамејанг, Борусија одби и порача дека цената на нивниот напаѓач изнесува 70 милиони евра, , но изгледа договорот е пронајден на „половина пат“, односно за сума од 63 милиони евра, покрај тоа Германците би добиле и дополнителни 2.5 милиони евра доколку Обамејанг оствари одредени бонуси.
Од друга страна Обамејанг во Лондон ви заработувал 10 милиони евра по сезона за договор до 2021 година.
Борусија како замена за Обамејанг успеа да го договори Мичу Батшуаи од Челси. Белгиецот игра добро во Челси, но сака нов клуб каде што би добил поголема минутажа пред Мундијалот ова лето, а во Дортмунд сигурно дека се отвара простор со заминувањето на Габонецот.
Во овие моменти за се да биде завршено како што кажавме се чека само зелено светло од Челси. После пропаднатите преговори со Един Џеко, Челси влезе во преговори со Арсенал за трансфер на Оливие Жиру кој би го заменил Батшуаи.
Жиру ви Челси би пристигнал како позајмен фудбалер.