Дома Македонски спорт Еден Македонец дојде друг може да замине од МТК: Миовски на мета на Фрајбург и Аталанта!

Еден Македонец дојде друг може да замине од МТК: Миовски на мета на Фрајбург и Аталанта!

Напаѓачот на Македонија, Бојан Миовски зад себе има одлична полусезона во унгарското првенство, па така го привлече вниманието на неколку клубови.

Според последните информации, Аталанта, Фрајбург и Спарта Прага се заинтересирани за Миовски. Унгарските медиуми пренесуваат дека во МТК веќе одбиле понуда од еден милион евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во овој момент не е откриено за кој клуб станува збор. Наводно, МТК е спремен да го продаде Миовски за два милиони евра. Сезонава во МТК Миовски одигра 17 натпревари и постигна девет гола.

Инаку, од вчера член на МТК е и Стефан Спировски кој се врати во унгарскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…