Дома Фудбал Бојан Миовски доби место помеѓу најдобрите во Шкотска!

Бојан Миовски доби место помеѓу најдобрите во Шкотска!

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе го остави еден од највпечатливите викенди откако пристигна во редовите на Ренџерс, одигрувајќи партија што без сомнеж е неговата најдобра во шкотскиот гигант.

Ренџерс славеше убедливо со 0-3 на гостувањето кај Килмарнок, а Миовски беше главниот актер на мечот. Со двата рани погодоци токму тој го трасираше патот кон новиот триумф и ја постави основата за сигурниот излез на неговиот тим.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За клуб кој ја почна сезоната катастрофално, ова е шеста победа во актуелното првенство, резултат што ги искачи „плавите“ до четвртата позиција на табелата.

Освен Миовски, место во идеалниот тим на колото најдоа и: Џорџ, Мулиган, Халкет, Фреклтон, Кутрумбис, Девлин, Оучике, Барон, Брага и Бови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид тоне: Пораката за Мбапе и Винисиус е јасна

Реал Мадрид влегува во завршница на сезоната без вистинска цел, а критики доаѓаат од сите …