Тимот на Вардар доби голема помош пред утрешниот натпревар со Кораб во Скопје откако денес еден од главните ривали барем за бараж доживеа пораз од Гостивар во десетото коло од Втората лига – Запад.
Воска беше голем фаворит во овој натпревар и се очекуваше да слави во овој дуел. Сепак во Гостивар не мислеа така, единствениот гол на натпреварот беше дело на Рони Синани после еден час игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега со овој пораз на Воска Вардар има прилика со победа против Кораб утре во Скопје да дојде само до еден бод пред репрезентативната пауза.
Во останатите два натпревари од второлигашката конкуренција Беласица го победи Детонит со 4:1, додека Кит-Го и Победа одиграа 1:1.
Фото: ФК Гостивар