Дома Трансфер зона Берлускони во Монца сака да доведе уште еден ветеран?

Берлускони во Монца сака да доведе уште еден ветеран?

Тимот на Фиорентина сезонава не игра на нивото на кое се очекува од овој клуб, а еден од незадоволните во клубот е ветеранот Франк Рибери.

Рибери од доаѓањето во Фиорентина одигра 40 натпревари, а во април ќе наполни 38 години, сепак нема намера да се пензионира. Монца чиј газда е Берлускони се бори за влезе во Серија А и ако успее во таа мисија би можеле да тргнат по потписот на Рибери.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во Монца веќе настапуваат Боатенг и Балотели, па нив би можел да им се придружи и Рибери. Ќе потсетиме член на Монца од наредната сезона ќе биде македонскиот супер талент, Лука Станковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…