Дома Фудбал Уште две ѕвезди на Реал позитивни на коронавирус

Уште две ѕвезди на Реал позитивни на коронавирус

Реал Мадрид соопшти денес дека двајца играчи на овој тим се заразени со коронавирус.

„Кралевите“ вчера имаа тестирање на коронавирус пред натпреварот за викеднот, а резултатите покажаа дека имаа двајца новозаразени.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Шпанскиот гигант потврди дека заразени се Еден Азар и Касемиро, двајцата се веќе во изолација и немаат никакви симптоми.

Се очекува Азар и Касемиро да бидат надвор од теренот десетина дена. За Реал е добро што по овој викенд следи репрезентативна пауза па би требало да бидат спремни за мечот на 25. ноември кога Реал во Милано ќе игра против Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трамп и ФИФА најавија 75 милиони долари за фудбалот во Газа: Тука ќе пристигнат големи фудбалски имиња

Американскиот претседател Доналд Трамп објави заеднички проект помеѓу Бордот за мир и ФИФА…