Дома Фудбал Само еден играч на Барселона понудил финансиска помош на клубот

Само еден играч на Барселона понудил финансиска помош на клубот

Поради пандемијата со коронавирусот Барселона се наоѓа во голема финансиска криза и во долгови кои изнесуваат дури 450 милиони евра.

Каталонскиот клуб е и тоа како погоден од финансиската криза која ја направи коронавирусот и на големо го почувствуваа прекинот на лигата. Шпанските медиуми пишуваат дека долгот изнесува дури 450 милиони евра и дека ги очекува тежок период.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ утрово објави дека само еден играч понудил финансиска помош. Тоа е Жерар Пике. Пике и претходно финансиски му помогна на клубот затоа што беше најзаслужен што компанијата „Ракутен“ го продолжи договорот како главен спонзор на Барселона.

И овој пат Пике ја понудил својата помош, тој е спремен со свои пари да покрие дел од долговите, но главната работа е Барселона да доведе нови спонзори и инвеститори.

Пике и на тоа веќе работи и според информациите се очекува до крајот на годината во клубот да бидат вложени околу 100 милиони евра само благодарние на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …