
Микаел База – име што најверојатно е непознато за дури и најголемите љубители на фудбалот.
Со својот возраст од само 16 години, овој млад дефанзивец е дел од младинските селекции на ХСВ.
Меѓутоа, скаутите на славната Барселона го забележале и настојуваат да го доведат во нивните редови во овој трансферен период.
Тие веќе испратиле понуда до германскиот клуб, но истата е брзо отфрлена бидејќи изнесува шестцифрена сума, односно помалку од милион евра.
Многумина би сметале дека понудата е навредлива, но очигледно во Барселона го гледаат како можност за евтино ангажирање на овој талентиран стопер.
Сепак, според германските медиуми, ќе мораат да почекаат до следниот трансферен период кога База ќе му истече договорот со ХСВ или пак, да ја зголемат понудата.
Година дена можеби не изгледа како многу, но сигурно е дека тренингот во познатата академија на Барселона и младинските екипи на ХСВ не се исти, и токму таа година може да биде од клучно значење за развојот на младиот фудбалер.