Дома Фудбал Перез со еден потег покажал колку Рамос значи за Реал

Перез со еден потег покажал колку Рамос значи за Реал

Во шпанските медиуми овие денови актуелна е ситуацијата со Серхио Рамос во Реал Мадрид.

Шпанските медиуми пишуваат дека претседателот на Реал, Флорентино Перез за да му покаже на Рамос колку е важен за тимот лично го превземал преговорите со капитенот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На Рамос договорот му истекува на крајот од сезоната, во клубот е од 2005 година и на годишно ниво заработува околу 11 милиону евра и наводно Реал преговара за тој износ да му остане и во наредниот договор.

Опцијата која Реал ја нуди на Рамос е да го продолжи договорот на две години со иста плата. Јасно е дека Перез мора да внимава на финансиската ситуација поради пандемијатта со коронавирусот. Од друга страна Рамос има понуда од Париз, ПСЖ според информациите е спремен да му понуди и повеќе.

Во наредните неколку месеци ќе видиме дали Рамос е спремен да бара нов предизвик во кариерата или ќе продолжи да го носи дресот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети: Доби два жолти картони и остана во игра

Фудбалската јавност остана изненадена по настаните на “Вембли”, каде фудбалеро…