Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ на вчерашната конференција изненади многумина со одговорот на прашањето за иднината на Франк Рибери.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Да потсетиме, новинарите го запрашаа Салихамиџиќ за иднината на Рибери во клубот, а тој кратко одговори.
„За тоа не сакам да зборувам, може ли друго прашање?“, одговори Салихамиџиќ.
Нешто подоцна за медиумите зборуваше и Рибери кој во разговорот призна дека не знае каква е неговата иднина во клубот.
Рибери дресот на германскиот шампион го носи од 2007 година, а актуелниот договор со Баерн му истекува на крајот на оваа сезона.
„Не знам, знам исто колку и вие. Никогаш не знаете што носи утрешниот ден“, изјави Рибери, а потоа пордолжи да зборува за тимот.
„Добро е промената на тренерот добро ни дојде. Добра работа е што имаме предност на табелата, но се уште ништо не сме освоиле. Мораме со полна пареа да го одиграме и вториот дел од сезоната“, заврши Французинот.