Дома Топ вести Објавено колку должи Барселона, клубот е пред банкрот!

Објавено колку должи Барселона, клубот е пред банкрот!

Каталонскиот фудбалски клуб Барселона должи неверојатни 820 милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоа денеска го објавија шпанските медиуми кои тврдат дека на клубот му се заканува банкрот поради големиот долг.

Поради пандемијата со коронавирусот Барселона остана без приходите од влезниците, а недостигаат и големиот број на туристи кои го посетуваат Камп Ноу. Покрај тоа, клубот прерано испадна од ЛШ и не ги заработи парите кои ги очекуваше.

Освен тоа, за Барселона дополнителен проблем претставува тоа што поранешниот претседател Бартомеу договори со една американска компанија позајмица од 800 милиони евра за реконструкција на стадионот.

Доколку дојде до активирање на таа работа, тогаш долгот на Барселона ќе порасне на 1.6 милијарди евра, што може да биде фатално за еден од најголемите светски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го претстави новиот комплет опрема

Манчестер Јунајтед и “Адидас” го презентираа новиот домашен опремен сет за сезоната 2026/2…