Македонија денес по Конгресот на УЕФА во Париз, Франција во 18:00 часот ќе ги добие противниците во новото групата за новото издание од Лигата на Нации.
Најдобрата македонска фудбалска репрезентација повторно ќе настапува во Лигата „Ц“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Избраниците на селекторот Благоја Милевски од третиот шешир, а во истиот се наоѓаат и Словачка, Северна Ирска и Кипар кои не можат да им бидат противници.
Лига „Ц“
Шешир 1: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург
Шешир 2: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови
Шешир 3: Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар
Шешир 4: Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија
Првопласираните од секоја група ќе обезбедат пласман во повисок ранг, односно Лигата „Б“. Првите натпревари од групната фаза ќе се играат во периодот 5-7 септември 2024 година.