Роналд Куман денес ја изненади јавноста со одлуката Меси да го остави на клупата за резерви за натпреварот против Бетис.
Шпанските медиуми по информацијата дека Меси нема да биде стартер открија две верзии за ваквиот потег на Куман.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Каталонскиот „ТВ3“ извести дека Аргентинецот не игра затоа што има одредени физички проблеми, поточно чувствува болка во скочниот зглоб. Од друга страна од ПР службата на Барселона е соопштено дека станува збор за тактички потег и дека не станува збор за никаква повреда.
Меси ги играше сите официјални натпревари оваа сезона. Куман размислуваше да го одмори и против Гетафе во првенството или со Динамо Киев во Лигата на шампионите, но тоа не беше случај.
Останува да се види дали капитенот на Барселона на почетокот на следната недела ќе отпатува на собирот на репрезентацијата на Аргентина.