Дома Трансфер зона Жиру изненади: Го одбил Лион затоа што е клуб кој го создал Бензема!

Жиру изненади: Го одбил Лион затоа што е клуб кој го создал Бензема!

Францускиот напаѓач Оливие Жиру во претходните години констатно се поврзуваше со заминување од Челзи.

Меѓутоа искусниот фудбалер се уште е дел од „сините“, иако многу тимови сакаа да го видат во своите редови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во јануари Жиру имал понуда од Лион. Тој одлучил да ја одбие таа понуда затоа што тоа е тим кој го создал Карим Бензема. Ова го потврди самиот играч.

„Можев без проблем да ја прифатам таа пнуда, но не сакав семејството да го ставам на ризик кога видов како реагираат. Не сакав да предизвикам контроверзии и да дојдам во клубот кој го создаде Бензема“, изјави Жиру.

Бензема веќе пет години не е член на репрезентацијата поради скандалот со Валбуена. Од неговото отсуство сигурно најголема корист има Жиру кој има повеќе простор, сепак неговото објаснување за одбиената понуда на Лион е навистина изненадувачко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона спремна да го продаде миленикот на навивачите?

Eкипата на Барселона наводно е подготвен да го продаде Роналдо Араухо. На Каталонците очај…