Дома Трансфер зона Жиру бил лут и разочаран од однесувањето на управата на Интер

Жиру бил лут и разочаран од однесувањето на управата на Интер

Францускиот напаѓач Оливие Жиру остана во Челзи иако беше скоро сигруно дека ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жиру во досегашниот дел од сеозната не се наигра во дресот на „сините“ и со сите сили сакаше да го напушти клубот. Најмногу се шпекулираше дека ќе потпише за Интер, потоа со Тотенхем и Лацио. Сепак, на крајот не ја промени средината.

Жиру остана во Челзи и англиските медиуми пренесуваат дека Французинот бил разочаран од она што се случуваше во претходните денови. Посебно бил лут на управата на Интер.

Наводно, Жиру испратил порака до раководството на Интер во која им порачал дека без никаква почит преку ноќ го стопирале неговиот трансфер. Жиру не добил никакво објаснување иако претходно постигнал договор со Интер.

Од друга страна Лацио сакаше да го купи Жиру за пет милиони евра, меѓутоа Челзи тогаш беше тој кој се откажа од продажбата. На Французинот договорот му истекува на лето и најавите се дека како слободен играч ќе се пресели во Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…