Дома Трансфер зона Јувентус има нова мета: Чудото од дете кое постигна 22 гола на 15 натпревари

Јувентус има нова мета: Чудото од дете кое постигна 22 гола на 15 натпревари

0

Mладиот норвешки напаѓач, Ерлинг Халанд ја воодушеви фудбалска Европа оваа сезона.

Овој 19 годишен фудбалер настапува за Ред Бул Салзбург. Најмногу Халанд се прослави со одличните настапи во Лигата на шампионите каде што во овој момент е прв стрелец со шест гола. Освен во Лигата на шампионите, Халанд е одличен и во другите натпреварување. Во австријската Бундес лига постигна 12 голови на 10 натпревари, а во Купот на таа земја постигна четири гола на два натпревари. Кога се ќе се собере, тој вкупно постигна 22 гола на 15 натпревари.

Сега „Газета дело Спорт“ пишува дека Јувентус е спремен за неговите услуги да понуди 40 милиони евра. Според информациите најпознатиот светски агент, Мино Раиола веќе работи на овој трансфер.

Истиот извор пишува и дека Норвежанецот се поврзува уште со Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, па така на „старата дама“ сигурно нема да и биде лесно да стигне до неговиот потпис.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бенатија откри: Летово ме бараше Милан

Поранешниот дефанзивец на Рома, Баерн Минхен и Јувентус, Мехди Бенатија откри дека ова лет…