Дома Актуелно Чаби Алонсо: Хендерсон е клучниот играч на Ливерпул!

Чаби Алонсо: Хендерсон е клучниот играч на Ливерпул!

0

Легендарниот играч на Ливерпул, Чаби Алонсо тврди дека клучниот играч на Ливерпул е Џордан Хендерсон.

Хендерсон игра на истата позиција на која играше Алонсо, и двајцата освоија по еден трофеј во ЛШ со „црвениот“ дрес, а Англичанецот стигна и до капитенската лента.

Легендарниот Шпанец тврди дека Хендерсон е клучен играч бидејќи има големо влијание како на теренот така и во соблекувалната.

„Џордан Хендерсон е клучна фигура во тимот на Ливерпул. Мислам дека е многу респектиран од своите соиграчи, а тоа е многу важно. Тоа се чувствува дури на трибините. За начинот на игра неговата енергија е многу важна“, изјави Алонсо.

„Тој врши висок пресинг и игра према напред, па има одлична врска со напаѓачите. Нападот е најважен во тимот на Клоп, а Хендерсон е клучен за тоа“, додаде Шпанецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Меси нека седи и ужива: Ансу Фати постигна погодок против Валенсија и влезе во историјата на Ла Лига

Ансу Фати постигна нов погодок за Барселона. Овој 16-годишен тинејџер доби шанса од почето…