Српскиот претседател Александар Вучиќ упати остра порака до најголемите спортски колективи во државата, Црвена Звезда и Партизан.
Црвена Звезда и Партизан секоја година добиваат огромни пари од државниот буџет, па Вучиќ им порача дека мора да се приватизираат.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Нашиот најголем проблем е што не можете да ги приватизирате клубовите (најголемите), никој не сака да вложува пари таму каде што навивачите и раководството на клубот го имаат главниот збор. Ние сме им спонзори и тоа е рекет кој Партизан и Црвена Звезда го земаат од државата. Здрав систем ќе има тогаш кога ќе имаме приватни сопственици на овие клубови. Видете ги Чукарички, ТСЦ, Мега…тие ништо не добиваат од државата“, изјави Вучиќ.