Дома Фудбал Англија Хендерсон опериран, познато кога се враќа на терените

Хендерсон опериран, познато кога се враќа на терените

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон денес беше успешно опериран на адукторот, потврдија од клубот.

Ливерпул не посочи конкретен датум за негово враќање на терените, но според англиските медиуми ќе паузира 6 до 8 недели.

Тоа значи дека со сигурност 30-годишниот играч за врска ќе се врати до крајот на сезоната, најверојатно кон средината на април.

Со тоа се побиваат песимистичките прогнози дека Хендерсон ќе го пропушти остатокот од сезоната и дека ќе биде под знак прашалник за Европското првенство.

Хендерсон се здоби со повреда за време на градското дерби со Евертон. Минатиот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…