Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Франција е осминафиналист на ЕП, а ниту еден нивни играч не постигна гол

Франција е осминафиналист на ЕП, а ниту еден нивни играч не постигна гол

Францускиот тим обезбеди пласман во осминафиналето на Европското фудбалско првенство во Германија, без ниту еден играч на оваа репрезентација да постигне гол.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, Франција во моментов има четири бода во групата Д, што секако е доволно за да ги мине останатите групи.

Во првото коло ја совлада Австрија со автоголот на Максимилијан Вобер. На тој натпревар Франција имаше 14 удари кон голот на Австрија, но само три од нив завршија во рамките од голот.

Беа уште поагилни против Холандија со 16 шута, но учинокот повторно беше ист – само три кон голот. Тој натпревар заврши без победник 0:0.

Франција денеска во третото коло на ЕП игра со Полска, а во нивната група играат уште Холандија и Австрија. Французите се сигурни осминафиналисти, веројатно и Австрија на која и треба бод за сигурен пласман, меѓутоа и со пораз денеска би можела да се најде во нокаут фазата.

Двата натпревари се играат во исто време од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…