Дома Фудбал Oва е најлудата трка за титула во Европа: На врвот е клуб кој не бил шампион 61 година!

Oва е најлудата трка за титула во Европа: На врвот е клуб кој не бил шампион 61 година!

Со само три кола до крајот, водечката четворка се наоѓа во рамките на три поени, што ветува спектакл и целосна драма.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Станува збор за Австриската Бундеслига каде што се води извонредно возбудлива борба за титулата. Во тоа врвно фудбалско друштво на три кола пред крајот, четири екипи се наоѓаат во три поени разлика.

Пред неколку години, Австријците одлучија да го зголемат бројот на клубови во највисокото ниво на нивното првенство, зголемувајќи го од 10 на 12, воведувајќи плеј-оф за титула и плеј-аут. Со цел да постигнат максимална конкурентност на натпреварувањето, одлучија дека по 22 кола, пред да се подели натпреварувањето на борба за титула и борба за опстанок, на сите клубови ќе им се одземат 50 отсто од до тогаш освоените поени.

Овој систем се покажа како целосно успешен, придонесувајќи за долгоочекуваната неизвесност во која сега Австријците уживаат.

На првото место е ЛАСК од Линц, клуб што во своите 117 години постоење има освоено само една титула на првак на Австрија, и тоа во далечната 1965 година. Минатогодишниот првак Штурм од Грац е на второто место со ист број бодови како и LASK, но со полош меѓусебен дуел.

Со полно право во титулата веруваат и третопласираниот Ред Бул Салцбург на минус два поена, како и четвртопласираниот Рапид Виена кој има три поени помалку од водечкото дуо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карвахал од клупата исмева ѕвезда на Реал Мадрид среде натпревар (Видео)

Проблемите во Реал не стивнуваат, а по новиот кикс во првенството против Бетис, со кој оди…