Дома Фудбал Суарез: Најмногу ме погоди кога ми кажаа дека сум веќе стар

Суарез: Најмногу ме погоди кога ми кажаа дека сум веќе стар

Ова лето сите беа изненадени што Барселона толку лесно се ослободи од Луис Суарез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Суарез практично беше избркан кога во клубот дојде Роналд Куман и тој потег се покажа како голема грешка на Каталонците. Во Атлетико Суарез игра како препороден, додека „јорганџиите“ се лидери на табелата.

Веќе неколку пати сезонава Суарез призна дека бил разочаран кога Барселона решила да се ослободи од него, а сега во разговор за „Франс Фудбал“ истакна дека најмногу го налутило тоа што го сметале за стар.

„Најмногу ме погоди тоа што ми кажаа дека сум стар и дека повеќе не можам да игра на највисоко ниво, дека не можам да бидам на нивото за тим кој сака да освојува трофеи“, призна Уругваецот.
Сезонава Суарез во Ла Лига зад своето име веќе има 16 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…