
Хулијан Алварез направи нов чекор во обидот да го напушти Атлетико Мадрид, а овој пат својата желба реши директно да ја соопшти на тренерот Диего Симеоне.
Симеоне веќе во саботата, пред пријателскиот натпревар против Манчестер Сити, мошне јасно ја објасни ситуацијата.
„Ситуацијата е сосема јасна. Клубот донесе одлука што Мигел Анхел Гил Марин детално ја објасни. Многу сме задоволни од Џулијан и, од спортски аспект, ќе му помогнеме да продолжи да напредува и да се развива”, изјави тогаш Симеоне.
Токму таков став Симеоне го повтори и на Алварез за време на разговорот пред тренингот.
Според пишувањето на Мундо Депортиво, Симеоне и Алварез се појавиле многу рано во центарот за тренинг, а тренерот тогаш ги поздравуваше играчите кои штотуку се вратиле по одморот.
Меѓу нив беа Алварез, Алекс Баена и Маркос Љоренте, а аргентинскиот напаѓач ја искористи можноста да разговара со својот тренер.
Разговорот, според информациите од каталонскиот весник, поминал пријателски, но Симеоне беше јасен во една работа.