Дома Фудбал Италија Старата дама подготвува “поклон“ за Роналдо

Старата дама подготвува “поклон“ за Роналдо

Јувентус следната сезона ќе има нов напаѓач во своите редови.

Тутоспорт пишува дека изборот паднал на Моис Кин, напаѓачот кој Јувентус пред неполни две години го продаде во Евертон за 27.5 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кин оваа сезона настапува на позајмица во ПСЖ, каде има значаен напредок, до сега има 17 голови во сите натпреварувања.

Во торинскиот клуб сметаат дека 21-годишниот напаѓач би бил идеален партнер за Кристијано Роналдо кој и сам побара да се донесе нов напаѓач.

Сумата за која Јуве сака да го купи Кин не се споменува, но со сигурност не се работи за износ помал од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Адријано бесен поради измама: Ќе ве најдам, со семејството никој нема да си игра

Легендарниот бразилски фудбалер Адријано, познат како „Император“, се најде во центарот на…