Дома Фудбал Тонали во Тотенхем за астрономска сума

Тонали во Тотенхем за астрономска сума

Поливалентниот среден играч за врска Сандро Тонали е многу блиску да го напушти Њукасл ова лето, по три години, и да се пресели во Тотенхем, кој е подготвен да плати на клубот од северот на Англија дури 100 милиони евра како отштета.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа информација ја пренесе италијанскиот новинар Алфредо Педулја, кој спаѓа помеѓу умерено веродостојните, но сè што се чита до сега овој месец покажува дека не би требало однапред да ги отфрлиме шпекулациите.

Од претходно е познато дека Тотенхем е многу заинтересиран за Тонали, кој има договор со Њукасл уште две сезони, но е спремен да го замени дождливиот град со британската престолнина.

Поранешниот капитен на Милан, според информациите од Николò Шира, веќе подал рака на Тотенхем за договор до летото 2032 година, каде би заработувал годишно 12 милиони евра.

Голем фактор во целата приказна е Роберто Де Зерби, со кого репрезентативецот на Италија е во одлични односи па се зависи дали Њукасл ќе ја прифати понудата и ќе го ослободи Тонали за соперникот во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…