
Милан постигна договор за привлекување на напаѓачот од Пари Сен Жермен и португалскиот репрезентативец Гонсало Рамош за рекордна сума за клубот, која ќе биде над 50 милиони евра, известува „Њу Јорк Тајмс“. Според други медиуми, се работи за сума од околу 53-55 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Трансферот е јасен знак за амбициите на Милан и е најскапиот во Серија А од 2019 година до сега, кога Интер го доведе Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед за 74 милиони евра. Договорот го надминува рекордот што го плати Милан во историјата – на Лил за Рафаел Леао во 2019 година – близу 50 милиони евра.
Милан успеа да ја надмине конкуренцијата на неколку водечки европски клубови за потписот на 25-годишниот Рамош, а клучна улога имаа добрите односи меѓу сопственикот на клубот Џери Кардинале и претседателот на ПСЖ Насер Ал-Хелаифи.