
Арсенал воспостави официјален контакт со Њукасл за можен трансфер на Бруно Гимараеш.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според Фабрицио Романо, тоа се случило во последните 24 часа. “Топчиите” се обиделе да ги започнат преговорите од 55 милиони фунти, но веднаш добиле одбивање од раководството на “страчките”, кое објавило дека нема начин да го продаде Бразилецот за оваа цена.
По принцип, Њукасл сака да го задржи 28-годишниот Гимараеш, за кого се зборуваше дека интерес покажува и Манчестер Јунајтед.
Гимараеш беше привлечен на “Сент Џејмсис Парк” во 2022 година од Лион за првична сума од 35 милиони фунти. До сега, тој има 195 натпревари за Њукасл и 31 гол. Договорот му истекува за две години. Според Романо, самиот фудбалер ја оставил судбината во рацете на клубот и не инсистира на трансфер, бидејќи чувствува голема почит кон Њукасл.