Дома Фудбал Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ја победија Норвешка со 4:1 и ја освоија групата „I“.

Усман Дембеле постигна хет-трик до 32-рата минута. Единствениот гол за скандинавците го реализира Тело Оосгор во 21-рата минута. Јорген Странд Ларсен пропушти пенал на почетокот на второто полувреме. Дезире Дуе, пак, го постигна својот гол на самиот крај на натпреварот.

Следниот противник на „петлите“ ќе биде еден од тимовите кои завршија на трето место, додека Норвешка ќе игра против Брегот на Слоновата Коска.

Тимот на Франција беше воден од помошникот тренер Ги Стефан, бидејќи Дидие Дешан се врати во својата татковина за да присуствува на погребот на својата мајка. ФИФА не дозволи играчите да изразат почит за време на натпреварот, но тие го израдуваа Дешан со нивната одлична игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анри јасен: Мбапе ја заслужува Златната топка, индивидуално беше најдобар

Легендарниот француски фудбалер Тиери Анри смета дека Килијан Мбапе заслужува да ја освои …