Дома Тенис Призна и Надал: Ѓоковиќ е најдобар во историјата (Видео)

Призна и Надал: Ѓоковиќ е најдобар во историјата (Видео)

Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал проговори за важноста на бројките кога станува збор за најдобриот играч на сите времиња.

Надал во последно време почесто се појавува во медиумите, што се поклопува со излегувањето на документарецот за неговата кариера на „Нетфликс“.

„Сè се сведува на бројки. Кога ќе кажам дека Новак Ѓоковиќ е најголемиот тенисер на сите времиња, тоа е затоа што бројките докажуваат тоа. Мора да ги земете предвид бројките кога го одредувате најдобриот тенисер на сите времиња. За да одговорам на вашето прашање, бројките ќе покажат во иднина“, изјави Надал за „CNBC“.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се лизна на 12. место, Зверев ја обезбеди годината на врвот

Новак Ѓоковиќ загуби уште една позиција на АТП-листата, додека Александар Зверев веќе е не…