Дома Фудбал Иран се закани дека ќе го напушти Светското првенство!

Иран се закани дека ќе го напушти Светското првенство!

Натпреварот помеѓу Иран и Египет на Светското првенство привлече големо внимание и пред првиот судиски свиреж, но не поради случувањата на теренот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дуелот кој ќе се одигра во Сиетл се совпаѓа со традиционалниот “Pride” викенд во тој град, поради што локалните организатори најавија придружни настани посветени на ЛГБТQ+ заедницата. Ова предизвика негодување од фудбалските сојузи на Иран и Египет, кои побараа од ФИФА да ги отстрани сите активности и симболи поврзани со таа манифестација.

Светската фудбалска федерација сепак не го прифати нивното барање. ФИФА соопшти дека навивачите ќе можат да внесуваат знамиња во боја на виножито и други симболи, во согласност со правилата на однесување на стадионите и политиката за почитување на човековите права. Истовремено беше нагласено дека организацијата на “Pride” настаните не е под надлежност на ФИФА, туку на локалниот организационен одбор во Сиетл.

Селекторот на Иран Амир Галенои одби да зборува за оваа тема на прес-конференцијата, нагласувајќи дека сака фокусот да остане исклучиво на фудбалот и на претстојниот натпревар. Сличен став зазеде и селекторот на Египет Хосам Хасан, кој истакна дека неговата екипа дошла во Сиетл со единствена цел – да оствари добар резултат на теренот.

Во спортска смисла, натпреварот има големо значење за расплетот во Групата Г. Египет влегува во натпреварот како лидер на групата, додека Иран уште има шанса да се пласира во нокаут фазата, па се очекува исклучително неизвесна борба за поминување понатаму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преди 10 години Меси се откажа од репрезентацијата на Аргентина. Останатото е историја

Пред точно 10 години Лионел Меси го шокираше фудбалскиот свет, објавувајќи го своето повле…