Дома Останати Кошарка Скромниот Јокиќ: Не сакам да бидам славен, сакам само да играм кошарка

Скромниот Јокиќ: Не сакам да бидам славен, сакам само да играм кошарка

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој имаше извонреден старт на својата кариера во НБА лигата на еден од тренинзите на неговиот клуб Денвер Наџентс истакна дека не го интересира големата слава, туку само кошарката.

Јокиќ пред два дена го одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата и во победата на наеговиот тим над Бруклин постигна неверојатни 41 поен за нешто повеќе од триесетина минути поминати на паркетот.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


На прашањето дали сакал да биде славен и познат Јокиќ одговори дека сака само да игра кошарка.

„Не, само сакам да играм кошарка…Вили Бартон би требало да биде суперѕвезда“, се пошегува Јокиќ.

Јокиќ оваа сезона на 11 одиграни натпревари просечно забележува по 17.9 поени, 11.5 скокови, 1.5 асистенции, 1.3 украдени топки и 0.6 блокади по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јута броеше до 150, Марканен брутален, но сите зборуваат за потегот на Нуркиќ од втората четвртина (Видео)

Кошаркарите од Јута по продолжението постигнаа победа против Чикаго Булс во натпревар во к…