Дома Останати Кошарка Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро треба да стане нов кошаркар на Валенсија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите на грчкиот портал „СДНА“, Шортс ги договорил сите услови со „лилјаците“ и ќе биде замена за Џано Монтеро, кој заминува во Олимпијакос. Поранешниот играч на Париз одамна одлучил дека му е потребна промена на средината за да ја врати слободата во играта и повторно да се врати во препознатливата форма.

Нискиот организатор на играта целосно ја воодушеви Европа во својата дебитантска сезона во елитното натпреварување. Со Париз стигна до плеј-офот во Евролигата, а сезоната ја заврши со просек од 18,7 поени, 2,7 скока и 7,5 асистенции по натпревар.

Тоа му донесе богат договор со „зелените“, но во Атина не успеа да ја добие довербата од тренерот Ергин Атаман. Не добиваше доволна минутажа и најчесто беше опција од клупата, што воопшто не му одговара на кошаркар со негови карактеристики. По лошото искуство за двете страни, Шортс не сака да остане во Атина, иако неодамна турскиот стратег доби отказ од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хаос во Њујорк по освоената титула – навивачите го демолираа градот (Видео)

Титулата по 54 години предизвика огромна еуфорија меѓу навивачите на Њујорк Никс, но славј…