Дома Фудбал Легендарниот Давор Шукер најави сензационално враќање на Модриќ!

Легендарниот Давор Шукер најави сензационално враќање на Модриќ!

Лука Модриќ моментално е на Светското првенство со репрезентацијата на Хрватска и вечерва ќе го одигра првиот натпревар од групната фаза против Англија.

Сосема е јасно дека Хрватска стартува со исклучително предизвикувачки дуел, но ќе се обидат да постигнат позитивен резултат.

Додека е на Мундијалот, сите очекуваат да се разреши прашањето за неговиот понатамошен тек на кариерата.

Легендарниот Давор Шукер во интервју за шпанската Марка зборуваше за иднината на Модриќ и откри која ќе биде неговата нова дестинација ова лето.

“Тукушто ме прашаа каде ќе продолжи Модриќ, во Милано или Мадрид. Мислам дека нешто ќе се случи со Реал.”

Новинарите го прашаа директно дали Модриќ навистина ќе се врати во Реал Мадрид.

Ќе се врати сигурно ова лето, но не знам на кој начин.

Да го почекаме крајот на Светското првенство па да видиме што ќе се случи.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Диетолог: Во диетата на Роналдо има „состојка“ што 90% од луѓето не ја користат

Спортскиот диетолог Џони Ондина откри дека тајната на диетата на Кристијано Роналдо не е с…