
Неверојатна информација се појави во светските медиуми по тврдењата дека Чаби Алонсо не знаел дека Марк Кукурела ќе го напушти Челси и ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според наводите на угледниот новинар Матео Морето, шпанскиот тренер за целата ситуација дознал дури откако на социјалните мрежи ја видел објавата на Фабрицио Романо.
Таквиот развој на настаните предизвикал големо изненадување, особено ако се земе предвид дека Алонсо ја врши функцијата на тренер на Челси и дека Кукурела беше еден од поважните играчи во лондонскиот клуб.
Наводно, преговорите меѓу Реал и Челси се одвивале без директно учество на Алонсо, кој не бил запознаен со конечниот договор.
Дури кога Фабрицио Романо објави дека трансферот практично е завршен, тренерот на Сините сфатил дека ќе остане без левиот бек.
Информацијата брзо одекнала меѓу навивачите на двата клуба, а многумина беа изненадени од фактот дека тренер од таков ранг за заминувањето на својот играч дознал преку социјалните мрежи.