Дома Фудбал Тажна вест: Почина познат тренер, кој до последниот ден живееше за фудбалот

Тажна вест: Почина познат тренер, кој до последниот ден живееше за фудбалот

Францускиот фудбал е во жалост по веста дека на 58 години почина Ерик Роа, тренер на Брест и поранешен фудбалер на Ница, Лион и Марсеј.

Семејството ја потврди веста за неговата смрт, откривајќи дека последните три и пол години се борел со рак на панкреасот.

“Во текот на целото тоа време продолжи да живее со сила која и денес нè импресионира, потпирајќи се на љубовта од неговото семејство, фудбалот, работата и страста која никогаш не го напушти”, напишаа неговата сопруга и деца во емотивна објава на социјалните мрежи.

Роа е роден во Ница, каде што ја започнал професионалната кариера. За време на играчките денови носел дресови на неколку познати клубови, меѓу кои и Лион, Марсеј, Сандерленд и Рајо Валјекано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чолаковски ја отвори гол-сметката, Перт ја прекина серијата порази со 4-0

Стефан Чолаковски погоди во убедливиот триумф над Аделаида Јунајтед, со кој Перт Глори сти…