Дома Фудбал Останато Ретко видена ситуација: Натпревар се преигрува поради судиска грешка (видео)

Ретко видена ситуација: Натпревар се преигрува поради судиска грешка (видео)

Комисијата на Фудбалскиот сојуз на Белгија одлучи да се повторни натпреварот помеѓу Виртон и Бершот и тоа поради судиска грешка.

Виртон победи со 1:0, а голот го постигна од слободен удар, но пред судијата да даде знак за изведување на ударот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Играчите изведоа брза акција, постигнаа гол, а судијата покажа на центар. Гостинскиот тим потоа поднесе жалба која беше прифатена од Фудбалскиот сојуз.

Поради тоа донесена е одлука која ретко се гледа на фудбалските натпревари, па мечот ќе се преигра на 2-ри март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…