
Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во Бетис, сега информацијата беше потврдена од „лос бланкос“.
Во официјално соопштение, објавено на веб-страницата на клубот, се известува дека двете страни постигнале согласност за фудбалерот.
„Реал Мадрид, кој секогаш ќе биде негов дом, му посакува на Фран Гарсија и неговото семејство сè најдобро во оваа нова етапа од нивниот живот“, напишаа во порака до фудбалерот, кој станува дел од академијата на Мадридчани во 2013 година, кога има 14 години, а својот прв професионален договор го потпишува во 2023 година.
Со Реал Мадрид тој освои вкупно пет трофеи – една Лига на Шампиони, една Светска клупска купа, еден УЕФА Суперкуп, една титула од Ла Лига и еден Суперкуп на Шпанија.