Дома Останати Тенис Eве што велат коефициентите: Ѓоковиќ е голем аутсајдер против Синер!

Eве што велат коефициентите: Ѓоковиќ е голем аутсајдер против Синер!

Седумкратниот шампион на Вимблдон ја носи улогата на аутсајдер пред дуелот со Јаник Синер во полуфиналето на најголемото Гренд Слем натпреварување.

Синер ја брани титулата Лондон, а според неговата позиција и постигнувањата, како и последните пресметки со српскиот тенисер обложувалниците го сметаат за апсолутен фаворит во мечот кој ќе се одигра во петок.

Коефициентите за победа на Синер се движат од скромни 1,20 до 1,30, додека триумфот на Ѓоковиќ е вреднуван помеѓу 4,35 и 4,50.

Италијанецот загуби само два сета до полуфиналето и тоа на почетокот против Миомир Кецмановиќ.

Од тој натпревар, без загубен сет ги совлада Нуно Боржес, Џејсон Бруксби, Шинтаро Мочизуки и на крајот Јан-Ленард Штруф.

Од друга страна, Ѓоковиќ има само една сигурна победа, против Стефанос Циципас во второто коло.

Во меѓувреме, Кинезот Јубинг Ву, Французинот Артур Риндеркнеч и Русинот Роман Сафјулин му зедоа по еден сет, а особено го измори Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, кого го совлада по петчасовен маратон со тај-брејк во последниот сет.

Синер има предност со 6-5 во директните дуели со Ѓоковиќ, но Новак победи во единствениот нивни дуел оваа година со 3-1 во полуфиналето на Австралија опен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Позната тенисерка ги зголеми градите, па отвори профил на сајт за возрасни (Фото)

Француската тенисерка Осеан Додин неодамна привлече големо внимание од јавноста откако отв…