Новак Ѓоковиќ беше поразен од домашниот тенисер Јаник Синер на турнирот во Торино, а во овој меч најдобриот светски тенисер имаше расправија со судијата.
При последниот пеон во воедниот гем имаше евидентен „нец“, но сензоерот не се огласи. Во арената можел да се слушне контактот на топчето со мрежата. Судијата објаснуваше дека не можел да досуди ништо без огласување на сензорот.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Не слушнав дека сензорот се огласи“, одговори судијата на жалбите на Новак.
На тоа Ѓоковиќ луто и одговори.
„Во ред, вечерва ќе играме на овој начин. Секогаш кога ќе направи „нец“, нема да биде „нец“. Кога ќе ја погодам јас мрежата машината се огласува. Неколку пати“, луто реагираше Новак.
„Не велам дека не беше…Но, не слушнав“, се правдеше судијата.